Към начална страница...
 
ПРВА НАГРАДА
Македонски ученици со веб-страница го освоиjа Стеjт департментот

(Приземено од в. "Дневник")

       Ученици од училиштето „Методија Митевски Брицо“ од Делчево се добитници на меѓународната награда што ја доделува американскиот Стејт департмент за најдобро изработена интернет-страница. Наградата „Врати кон дипломатијата“ учениците од Делчево ја добија за веб-страницата „Борба со сиромаштијата“ (www.fightpoverty.mmbrico.com), соопшти вчера Стејт департментот.
       На конкурсот, коспонозориран од Глобалната мрежа на училишта, учествуваа 305 тима на ученици од 46 земји, на возраст од 15 до 18 години. Покрај учениците од Делчево, победници се и нивните врсници од Флорида, од Виртуелното училиште во Орландо.
       Тие ја изработија страницата „Златни мостови; Поврзување на луѓето и мирот“.
       Ана Георѓиевска (18), Елена Георѓиевска (17), Зоран Димитровски (18) и Жикица Поповски (17) се веб-дизајнерите од тимот што го водеше нивната професорка по математика и информатичка технологија, Роза Стаменковска.
       Тие вчера беа пресреќни што ја добиле вредната награда и во кусиот телефонски разговор со нив не го криеја огромното задоволство.
       - Третираме глобален проблем и настојуваме на некој начин да влијаеме врз општеството за да се променат состојбите на планот на сиромаштијата. Се надеваме дека лично ќе ја примиме наградата на церемонија во Вашингтон. Сепак, најсреќни сме поради тоа што на веб-страницата на Стејт департментот стои нашето уставно име Република Македонија - изјави вчера за „Дневник“ од името на тимот Елена Георѓиевска.
       Наградата се доделува за веб-страници што најдобро едуцираат за значењето на меѓународните односи и дипломатијата.
       Проектот на учениците од „Методиja Митевски Брицо“ ја истражува сиромаштијата на децата, како и начините на кои меѓународните односи можат да ги решаваат проблемите што придонесуваат за тоа.
       Секој ученик кој е член на победничките тимови за наградата „Врати кон дипломатијата“ ќе добие стипендија од 2.000 долари. Освен тоа, нивните тренери и училишта ќе добијат парична награда од по 500 долари.

Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Народна Волjа
Календар:
Македония помни
По пътя към единството
Кой е канонизираният...
ПИРИН - член наблюдател в ЕFА
И на кръста посегнаха!
Робовладелчески манталитет